Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генер. “2008„ со лекција за Локомотив Пловдив, црвено-црните тргнаа фуриозно на турнирот “Кул Куп„
Вардаровата генер. “2008„ со лекција за Локомотив Пловдив, црвено-црните тргнаа фуриозно на турнирот “Кул Куп„

Вардаровата генер. “2008„ со лекција за Локомотив Пловдив, црвено-црните тргнаа фуриозно на турнирот “Кул Куп„

Вардаровата генерација родени “2008„ тргна фуриозно на турнирот “Кул Куп 2018„ откако утрово им одржаа лекција на своите врсници од екипата на Локомотив Пловдив од Бугарија. Без поголеми проблеми и со целосна доминација на теренот, избраниците на Миле Крстев го “прегазија„ противникот и го совладаа убедливо со резултат од 7:0.

vardarfans-radost

Уште во првите минути од дуелот го отворивме резултатот, кога Арти Азизи погоди за водство од 1:о. На голот претходеше удар на капитенот Дамјаноски, кој противничкиот голман не успеа да го скроти, односно ја испушти топката од рацете, која стигна до Азизи на кој не му беше тешко да ја вметне во мрежата.

vardarfans-damjanoski

Црвено-црните речиси и да не му дозволија на противникот да ја помине својата половина, во одбраната командуваа Кесиќ, Ташовски и Бојковски, додека на средината на теренот главен за организирање акции беше Ненад Дамјаноски, а Азизи и денес се покажа како врвен голгетер, додека најмладиот Лука Трпевски повторно воодушевуваше со својата брзина и потези на теренот.

41237115_1844260978954073_8144577939745275904_n

Се редеа ударите кон голот на Пловдив, а во прилики се најдоа Азизи и Бранковски, но голманот на бугарите успешно одбрани. Стигна и предност од 2:0, откако погоди Лука Трпевски и го зголеми резултатот.

vardarfans-trpevski

Тренерот Миле Крстев им даваше подеднаква минутажа на сите играчи кои му беа на располагање. Обиди во продолжение имаа и играчите задолжени за одбрана, кои често знаат да се уфрлат во нападот, тоа се Бојковски и Ташовски, чии удари завршија покрај голот. Следните два гола на натпреварот ги постигна Стефан Бранковски, најпрво зголеми на 3:0, за истиот играч по една голема грешка на голманот кој промаши вратена топка до него, Бранковски сам се најде пред противничкиот гол и погоди за 4:0.

vardarfans-brankovski

Избраниците на Крстев не помислија да застанат, напротив беа желни за уште поголема победа, а тоа им успеа во целост. Најубавиот гол на овој дуел го постигна дефинитивно Арти Азизи, кој со освртување биеше силно во горниот агол од голот на Пловдив, за зголемување на водството на 5:0. Истио играч до крајот на мечот беше стрелец на уште два нови гола, вкупно четири за Арти на овој натпревар, за поставување на конечните 7:0 на овој натпревар.

vardarfans-2008

Во текот на утрешниот ден ќе ги одиграме останатите два натпревари од групната фаза, противници ни се екипите на Лидер Лесковац и Тефејуз.