Денес на терените на фудбалскиот клуб Работнички се одиграа натпревари во детската лига, за генерации родени 2005 и 2007 година. Избраниците на Зоран Петковски, генерација родени 2005 година забележаа две убедливи победи. Противници ни беа екипите на Македонија Ѓ.П и Скопско Поле.
ФК Вардар (1) одигра натпревар со екипата на Македонија Ѓ.П, на кој беше убедлив забележувајќи триумф од 10:0. Уште од самиот старт црвено-црните му дадоа до знаење на противникот дека нема што да бара на овој меч. Започнавме офанзивно, не дозволувајќи на Македонија Ѓ.П стигне до некоја посериозна акција. По првото полувреме имавме убедливо водство од 4:0. Во вториот дел продолживме да го полниме противничкиот гол, постигнувајќи уште шест погодоци. Давор Лефковски постигна 4 гола, Филип Јовановски беше стрелец на 2 погодоци. По еден гол беа дело на Лука Јакимовски, Дарко Сековски, Никола Величковски и Матеј Николовски.
Доброто издание на оваа генерација го потврди и ФК Вардар (2) кој беше подобар во дуелот со екипата на Скопско Поле. И тука, речиси идентично конечниот резултат гласеше 10:1. Разликата во квалитет на двете страни беше очигледен, што го отсликува и конечниот резултат. На полувреме имавме водство од 5:0, најавувајќи ја високата победа. Хет-трик на овој меч постигна Горјан Цветков. Филип Радевски и Петар Пројкоски постигнаа по два гола, додека по еднаш во листата на стрелци се запишаа Стефан Наумовски, Даме Коневски и Стефан Ристевски.
Утре истава Вардарова генерација ќе одигра уште два натпревари, против екипата на Њу Старс.