Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите и младинците на Вардар до убедливи победи над Гостивар

Кадетите и младинците на Вардар до убедливи победи над Гостивар

Кадетите и младинците на Вардар денеска одиграа нови натпревари во лигата, нашите две генерации денеска го пречекаа тимот на Гостивар. И двете екипи на Вардар славеа две убедливи победи, најпрвин кадетите на Вардар победија со убедливи 7:0. потоа и младинците победија со уште по убедливи 9:1.

Кадетите на Вардар уште по првите 30.минути го решија победникот на овој дуел, момците на Колев уште по првиот дел имаа предност од 3:0. Во вториот дел нашиот тим одигра уште по убедливо, постигна уште четири погодоци за вкупно седум на овој натпревар. Со оваа победа кадетите на Вардар ја продолжуваат трката за титулата.

ВАРДАР: Денковски, Џуклески, Тодоров, Јордановски, Серафимов, Бериша, Стоименов, Маркоски, Петревски, Трајчевски, Стојчевски.

Уште играа: Зибери, Насковски, Купа, Мушиќ, Јахја.

Стрелци: 1:0 Стоименов 23′, 2:0 Стоименов 25′, 3:0 Петревски 42′, 4:0 Трајчевски 50′, 5:0 Серафимов 55′, 6:0 Маркоски 76′, 7:0 Купа 85′.

Младинците на Вардар пак, го испратија Гостивар дома со девет “парчиња” во својата мрежа. Тимот предводен од Калц го реши победникот во вториот дел. На полувреме нашиот тим имаше предност од само два гола. Во вториот дел Вардар додаде во нова “брзина”, постигна уште седум погодоци за вкупно девет на овој дуел. И младинците на Вардар ја продолжуваат битката со Шкендија со титулата.

ВАРДАР: Трајчевски, Тодороски, Ричков, Исмаил, Личина, Димков, Додевски, Колевски, Димитровски, Најдоски, Стојчевски.

Уште играа: Даци, Тодоровски, Скендески, Китановски, Каев.

Стрелци: 1:0 Димков 11′, 2:0 Димков 17′, 2:1 Ејупи 24′, 3:1 Даци 60′, 4:1 Најдоски 62′, 5:1 Даци 70′, 6:1 Даци 73′, 7:1 Даци 76′, 8:1 Додевски 78′, 9:1 Даци 80′.