Денеска на терените на ФК Работнички се одигра ново коло во рамките на Детската фудбалска лига. Ова беше последно есенско коло за генерациите 2007 и 2008. 2007 забележа две убедливи победи, додека пак 2008 службено го доби својот натпревар.
Најпрвин на теренот излезе ФК Вардар (1) против Фортуна. Нашите момци убедливо го добија овој натпревар со резултат 15:1. Нашите играчи во текот на целиот натпревар одиграа фантастично и не му дадоа никаква шанса на противникот да се радува на некаков позитивен резултат. Стрелци на сите 15 голови за нашиот тим беа: Лука Атанасовски и Марко Киш (1), Стефан Младеновски (5), Александар Грашески (2), Борјан Томовски (2) и Драган Лебариќ (4).
Вардар (2) исто така победи убедливо против Металург. Нашиот тим на овој натпревар успеа да постигне дури 19 погодоци. Ова беше најубедливата победа за нашиот тим оваа сезона. Нашите играчи многу рано го отворија резултатот, а потоа следуваше и “дожд” од голови за на крај да постигнеме дури 19. Вреди да се напомене дека на овој натпревар сите играчи во нашите редови играа за тимот. Стрелци на головите беа: Радески Златко (5), Никола Јовановски, Петар Котевски и Филип Кузаревски (4) и Лео Манчев (2) погодоци.
ФК Вардар генер. 2008 со резултат 3:0 (службено) го доби својот натпревар. Играчите на Шкендија Арачиново не дојдоа на овој натпревар.