Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Младинските категории на Фк Вардар родени 2003 и 2005, беа учесници на турнир “Синалко куп 2015“ во Штип
Младинските категории на Фк Вардар родени 2003 и 2005, беа учесници на турнир “Синалко куп 2015“ во Штип

Младинските категории на Фк Вардар родени 2003 и 2005, беа учесници на турнир “Синалко куп 2015“ во Штип

Викендов кој помина две млади генерации на Фудбалскиот клуб Вардар учествуваа на Турнирот Синалко, кој се играше во Штип. Генерацијата родени 2003 го освоија првото место, со сите победи и без ниеден пораз. Во групата играа мечеви со следниве екипи:
-Брегалница-Вардар 1:1
-Вардар-Академија Пандев 1:0
-Самос-Вардар 0:0
Понатаму следуваа елиминациските мечеви, во кои младите надежи продолжија да редат успеси.
1/4 Металург-Вардар (победа за црвено-црните на пенали)
1/2 Вардар-Фк Талент 0:0 ( пенали 2:1)

Во финалето младите избраници на тренерот Филип Арсовски се сретнаа повторно со екипата на Академија Пандев. Резултатот беше идентичен како и по групи, 1:0 во корист на Вардар.

Исто така и генерација родени 2005 година, се натпреваруваа на овој турнир. На крајот го освоија одличното трето место. Резултатите кои ги постигнаа се следниве:

-Металург-Вардар 0:0
-Вардар-Фер плеј 4:0
-Академија Постолов-Вардар 0:2
-Вардар-Академија Пандев 1:0
-Форца-Вардар 0:1

Во полуфиналниот натпревар повторно се сретнаа со екипата на Фер Плеј. Овој пат немаа среќа.Откако во регуларниот дел мечот заврши без победник се пристапи кон изведување на пенали, во кои тимот на Фер Плеј подобро се снајде. Затоа во борбата за трето место, црвено-црните убедливо ја совладаа екипата на Металург, со резултат 3:0.

Во категоријата на Фудбалери родени 2003, за најдобар играч на турнирот беше прогласен играчот на Вардар, Петар Давидовски.