Во текот на вчерашниот ден УЕФА го објави завршниот рејтинг на клубовите за оваа 2016 година. Од македонските екипи сосема очекувано нашиот фудбалски колектив Вардар беше најдобро пласиран од тимовите во земјава.
Црвено-црните се најдоа на 253. место, најблиску зад нас е соседот Работнички на 305, а ривалот за титулата од Тетово екипата на ФК Шкендија на 323. место на оваа листа. Вардар е најдобриот македонски клуб со рејтинг од 5.125 поени. На оваа листа, која вчера беше објавена и е завршна за 2016 година на неа се клубовите кои настапувале во Европа во последните 5 години. Листата содржи окoлу 500 клубови од Европа, а на неа најдоа место осум клубови од Македонија.
ЛИСТА :
253. ВАРДАР 5.125 поени
305. Работнички 3.875
323. Шкендија 3.375
345. Металург2.875
389. Ренова 1.875
389. Турново 1.875
426. Тетекс 1.375
426. Силекс 1.375