Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Нова одлука на УЕФА во врска со остатокот од тековната сезона
Нова одлука на УЕФА во врска со остатокот од тековната сезона

Нова одлука на УЕФА во врска со остатокот од тековната сезона

Нова одлука на УЕФА во врска со остатокот од тековната сезона. Неофицијално, европската куќа на фудбалот ќе ја важи актуелната состојба на табелите при решавањето кои екипи ќе играат во нејзините натпреварувања.

Според главниот уредник на англиски „Тајмс“, Мартин Циглер, тоа значи дека ќе се извади просек на поени по натпревар, освоени оваа сезона во националните првенства.

Во конкретниов случај со нашата Прва фудбалска лига, Вардар ќе стекне право да игра во квалификациите од ЛШ, а секако ќе ја добие и титулата од оваа сезона и по две години ќе ја врати во Скопје.

Сепак, се очекува официјална потврда од УЕФА.