Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Уписите за нови членови во Академијата на ФК Вардар се во полн ек, истите ќе тренираат по однапред утврдена програма
Уписите за нови членови во Академијата на ФК Вардар се во полн ек, истите ќе тренираат по однапред утврдена програма

Уписите за нови членови во Академијата на ФК Вардар се во полн ек, истите ќе тренираат по однапред утврдена програма

Уписите за нови Вардарци се во тек и ќе траат до 31-ви август,   заинтересираните може да се информираат на 02/3 125 945. Интересот е голем , Вардар привлекува нови дечиња, клубот воедно им нуди и многу поволности во тренирањето. Голема е предноста да се биде дел од Академијата на Вардар. Со изградбата на новиот објект  вратите се отвараат и за деца кои сакаат да играат фудбал без претходни познавања. Како што првотимците на ФК Вардар бележат успех, интересот кај малите да се биде дел од ова семејство расте. Со отворањето на новиот објект, условите за работа се на врвно ниво и по највисоки европски стандарди.

На сите деца ќе им биде дадена шанса да го докажат својот фудбалски талент, и еден ден да го исполнат својот сон – да бидат фудбалери на Вардар и на репрезентацијата. Со нив ќе работат стручни тренери кои што ќе ги воведат децата кон фудбалските вештини, но и кон сите процеси надвор од терените кои ќе придонесат да станат добри фудбалери, но во исто време и добри личности. Од црвено-црниот фудбалски колектив ветуваат одлична и предана работа со младите “регрути“ во Академијата, за кои подготвиле посебна програма. Исто така тие го потенцираат и следново:

Целта во работата со почетниците е од перспективен карактер – вистинскиот резултат на тренерот, покрај трофеи и медали, е што поголем број играчи кои се подготвени за сениорскиот тим или националната селекција. Нашите тренери ја прилагодуваат работата во склад со биолошкиот развој и го следат природното развивање на почетниците, затоа што тренажниот процес спротивен на логиката за природно развивање може да остави негативни последици за вкупното напредување на почетниците. Во нашата програма се вклучени и теоретски предавања на кои особено им обрнуваме внимание, а истите се одржуваат во специјално опремените предавални кои се дел од современата инфраструктура на Фудбалската Академија. Со нетрпение ги очекуваме новите надежи на ФК Вардар на првиот тренинг на 1-ви септември.