Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар мора да добие уште еден дерби дуел
Вардар мора да добие уште еден дерби дуел

Вардар мора да добие уште еден дерби дуел

Денес на програтама е претпоследното коло во вторите фудбалски лиги на Македонија. Вардар денес одново игра дерби дуел на кој мора да победи ако сака да остане во игра за баражот за експресно враќање во елитата.

,,Црвено – црните” по триумфот над ФК Воска во Струга со голем мотив влегуваа и во денешниот дерби натпревар против ФК Силекс, на кој сакаат победа и ништо друго. Грнчаров го крена тимот на едно многу повисоко ниво, па токму затоа можеме да се надеваме на добар резултат и попладнево. Сите играчи во Вардар се подготвени за настап освен Дејан Блажевски, но Демир игра одлично на негово место, па во овој момент не се осеќа отсуството на капитенот на Вардар.

Веројатен состав на Вардар за денес: Гачевски, Јованов, Мишковски, Ристевски, Глишиќ, Николов, Нијаз, Мицевски, Парталко, Демир и Петковски.

Дуелот на Вардар и Силекс започнува од 17 часот, на стадионот во скопската населба Автокоманда.