Денес започна младинскиот фудбалски турнир “Гази Баба куп 2017„ за генерации родени “2003„ , “2005„, “2006„ и “2007„ година. Натпреварите за генерациите “2003„ “2005„, и “2006„ се играат на терените на ФФМ, додека најмладите од генерација “2007„ своите мечеви ги играат на теренот на академијата на ФК Вардар.
Два натпревари на стартот на турнирот одигра највозрасната генерација на ФК Вардар родени “2003„ година која забележа исто толку победи. Оваа генерација во новата сезона има нов тренер во името на Горан Петрески. Тие денес ги постигнаа следниве резултати:
Вардар – Драчево 9:0
Вардар – Фортуна 7:0
Генерацијата на ФК Вардар родени “2005„ година предводена од Ане Андовски денес одигра четири натпревари на кои ги постигна следниве резултати:
Вардар (1) – Македонија Ѓ.П 15:0
Вардар (1) – Башкими 7:0
Вардар (2) – Фудбал Старс 7:2
Вардар (2) – Њу Старс 7:1
Одличен ден имаше и генерацијата “2006„ на Игор Кралевски која забележа три победи и еден пораз.
Вардар (1) беше подобар од тимот на Еуроспорт и тоа убедливо со резултат од 10:1. Головите на овој меч ги постигнаа: Марко Николовски (4), Александар Миовски (2), Давид Гоубов (2), Кристијан Галевски и Давор Лефковски. Истава екипа во текот на денешниот ден одигра уште два натпревари на кои забележа исто така победи. Вардар (1) во мечот со Дарданет славеше со резултат од 7:0. Тука головите ги постигнаа следниве играчи: Марко Николовски (3), Давор Лефковски (2), Стефан Коловски и Давид Голубов. Вардар (2) од истава генерација исто така одигра два натпревари на кои забележа една победи и еден пораз. Најпрво турнирот го отворивме со екипата на Албион, која ја совладавме со резултат од 4:0. На овој натпревар головите беа дело на Олег Трифуновски (2), Максим Цониќ и Михаил Танчев. На вториот дуел оваа екипа забележа пораз од ГФК Неготино со резултат од 0:2.
Успешен ден имаше и Вардаровата генерација “2007„ која ја предводи Томче Трајановски, која ги постигна следниве резултати:
Вардар (1) – Њу Старс 3:0 ( службено)
Вардар (1) – Караорман 5:1 стрелци: Александар Грашевски (2), Петар Мицевски, Милош Спасовски и Стефан Младеновски
Вардар (2) – Скопско Поле 3:0 ( службена)
Вардар (2) – Албион 1:1 стрелец: Војо Стојановски.
Во текот на утрешниот ден продолжуваат натпреварите за нашите екипи на овој турнир.