Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Успешни контроли за пионерските екипи на ФК Вардар, на подготовките во Дојран убедливо совладани повозрасните генерации на Беласица
Успешни контроли за пионерските екипи на ФК Вардар, на подготовките во Дојран убедливо совладани повозрасните генерации на  Беласица

Успешни контроли за пионерските екипи на ФК Вардар, на подготовките во Дојран убедливо совладани повозрасните генерации на Беласица

Пионерските екипи на фудбалскиот клуб Вардар веќе четврти ден се наоѓаат во Дојран, каде го одработуваат главниот дел од подготовките. Тие веќе ги одиграа и првите контролни натпревари на кои забележаа победи.

Пионерите на ФК Вардар одиграа против генерацијата на Беласица родени 1999 година. Црвено-црните издвојуваа победа. Конечниот резултат гласеше 5:0. По првото полувреме имавме водство од 2:0 и тоа со двата гола на Али Адем. Во второто полувреме уште три голови во противничката мрежа, од кои два првенци во Вардаровиот дрес за Андреј Рајатоски како и Стефан Наумчевски кој дојде од екипата на Металург. Се играа две полувремиња, во времетраење од 40 минути.

Против истиов противник, екипата на Беласица и тоа една генерација повозрасни (родени 2000 година) контролен натпревар одиграа и помладите пионери на Вардар кои ги предводи Сашо Јанев. И тука на полувреме имавме водство од 2:0. Во вториот дел го зголемивме водството на 4:0, што беше и конечен резултат на овој натпревар. По два гола на овој дуел постигнаа Марио Спировски и Малик Хасановиќ.

Успешна контрола на првите натпревари за нашите екипи на подготовките во Дојран, каде се работи и на физичката подготовка на играчите. Во Дојран остануваме во недела, по што продолжуваме со тренинзи во Скопје, пред почетокот на пролетниот дел од сезоната.