Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Уште 2 дена до крајот на трансфер рокот во Македонија

Уште 2 дена до крајот на трансфер рокот во Македонија

Преостануваат уште само два дена за пријавување на нови играчи во Македонскиот фудбалски шампионат. Заклучно 11.02.16 23:59, завршува дозволениот термин за пријаување на нови играчи. Како што е добро познато, нашиот црвено – црн колектив досега пријави, и официјализираше две нови имиња. Станува збор за Дамир Којашевиќ од Ц.Гора, и Драган Ќеран од Србија. ФК Вардар се до последниот ден ќе размислува дали ќе го потпише Христијан Денковски кој е на проба во ФК Вардар. Нимани и дефинитивно не задоволил.

Од друга страна пак за овие два дена може ли да се случи чудо во Мак. фудбал? Во медиумите веќе втор ден се најавува можно доаѓање на рускиот репрезентативец Андреј Аршавин. Колку тоа е реална можност за Вардарци, ќе сочекаме, и ќе дознаеме за два дена, кога е, и последен рок за пријавување на нови играчи.