Фудбалерите на Вардар утре ќе го одиграат вториот пријателски дуел на зимските подготовки во Турција. По поразот од Хајдук, Вардарци утре ќе имаат уште еден тежок натпревар, овој пат против украинскиот великан, Динамо Киев.
Динамо Киев е апсолутен фаворит на овој дуел. Тимот од Украина веќе одигра и две пријателски средби во Анталија. Со тимот на Легија Варшава одиграа 1:1, а го победија составот на Нефчи Баку со резултат 2:1.
Дуелот утре, ќе биде одигран во Белек со почеток од 15.00 часот по македонско време. И од овој натпревар е предвидено да има директен видео стрим.