Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Лошата серија мора да ја надминеме против Ренова
Лошата серија мора да ја надминеме против Ренова

Лошата серија мора да ја надминеме против Ренова

ФК Вардар влезе во лоша серија, на последните два натпревари нашите момци забележаа два порази. На минато неделниот натпревар во Турново, нашите играчи загубија три бода, потоа следуваше и пораз во купот против Шкендија. ФК Вардар мора да се подигне од оваа црна серија уште утре. Утре на гости ни доаѓа секогаш незгодниот, и мотивиран тим, тимот на Ренова од Тетово.

Ренова секогаш против Вардар игра со голема доза на мотив, па така ќе биде и утре, но нашите момци треба, и мора да покажат карактер на шампионска екипа, и да се издигнат од овие два порази. Потоа следува и најважниот натпревар до крајот на оваа година, против Шкендија во среда во купот на РМ. Нашиот тим ќе ”брка” три голови негатива. Напред Вардар!