Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар утре го дознава противникот со кој би играл во 3.коло во ЛШ доколку го мине Малме

Вардар утре го дознава противникот со кој би играл во 3.коло во ЛШ доколку го мине Малме

Нашиот  шампион, ФK  Вардар утре  во 12 часот ќе го дознае својот евентуален иден противник во квалификациите во ЛШ. Како што стојат работите Вардар и за третото коло е неносител, затоа што и Малме со рејтингот не влегува во групата на носители.

Од можните ривали  најдобриот по рејтинг е  грчки Олимпијакос, останатите девет противници се Селтик (Шкотска), Салцбург (Австрија), Копенхаген (Данска), Лудогорец (Бугарија), БАТЕ Борисов (Белорусија), Легија (Полска), АПОЕЛ (Кипар), Марибор (Словенија) и Карабах (Азербејџан).

Олимпијакос влегува директно во оваа рунда, Салцбург, Копенхаген, Марибор и Легија со гостинските победи веќе се во трето коло, Марибор е со една нога таму. Според правилата според рејтинг се ждребуваат десет парови, а во случај на елиминација на некој фаворит со повисок рејтинг, победникот би го преземал рејтингот на фаворитот.

Првите мечеви од третото коло на програмата се на 25 и 26 јули, а реваншите на 1 и 2 август.