Згуснатиот распоред си го прави своето, Вардарци ќе одиграат утре нов натпревар, овој пат од петтото коло во ПМФЛ. Противник на нашите момци ќе биде штипска Брегалница. Добро паметите сите, минатата сезона Филип Петковски како ја ”реши” Брегалница во последната минута, за победа. Овој пат очекуваме лесна и убедлива победа на Вардар, како и што му доликува на еден шампион, со шампионски амбиции.
Поради реконструкција и на теренот во Штип, овој натпревар ќе се одигра на Градскиот стадион во Кочани. Тоа значи дека овој натпревар ќе се одигра на неутрален терен, со оглед на тоа што и за Брегалница ќе биде ова прв натпревар на стадионот во Кочани.
Одиме на победа, напред Вардар!
Фото: fkvardar.mk