Мечот од 21.коло помеѓу нашиот црвено-црн фудбалски колектив и штипска Брегалница е презакажан за вторник 8-ми март поради чудната одлука на раководството на нашата најголема фудбалска арена “Филип втори“. Мечот ќе се игра со почеток во 14-00 часот.
Вардар е апсолутен фаворит и според местото на табелата на која сме лидер со 49 бода, а Брегалница е шестта со 20 бода и според играчкиот кадар со кој располагаат двата прволигаши. Традицијата за мечеви кој се играат на домашен терен е целосно на наша страна, Вардар има шест последователни победи во мечевите како домаќин. Вардарци имаат 13 постигнати голови на тие шест дуели, а примиле само два погодоци во својата мрежа. Последен успех на Брегалница во Скопје е во 2011 година кога црвено-црните беа клуб кој се бореа за опстанок, тогаш мечот завршил реми 1-1. Оваа сезона имаме две победи на претходните меѓусебни дуели со штипјаните. Вардар како гостин во 5.коло на дуелот во Кочани победи со резултат од 2-1, а во 14. коло како домаќин го совлада штипскиот тим во Скопје со 3-1.