Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар се враќа во Скопје со една победа на четири теста
Вардар се враќа во Скопје со една победа на четири теста

Вардар се враќа во Скопје со една победа на четири теста

Екипата на Вардар ги комплетираше летните подготовки во Австрија. Денеска вардарци се враќаат во Скопје каде од утре ќе ги продолжат подготовките за натпреварите против Малме во квалификациите за Лигата на шампионите.

Вардар во Австрија одигра вкупно четири пријателски натпревари. Почнавме добро, го победивме тимот на Адмира со резултат 2:0. Потоа на следните три натпревари следуваше тотална анемична игра на Вардар. На натпреварите против Матерсбург и Марибор, Вардар не постигна погодок а прими еден и на двата натпревари. Кога се чинеше дека Вардар ќе победи и ќе прикаже добра игра, дојде уште еден пораз, оној вчерашниот против тимот на Тосно од Русија. И овој натпревар Вардар го загуби со 1:0.

Значи, Вардар на подготовките во Австрија не постигна гол цели три натпревари. Се надеваме дека до првиот дуел против Малме редовите во Вардар ќе се консолидираат.