Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Андреј Ричков се враќа во Вардар
Андреј Ричков се враќа во Вардар

Андреј Ричков се враќа во Вардар

Младиот десен бек, Андреј Ричков се враќа во ФК Вардар и ќе потпише договор со ,,црвено – црните”. Ричков е дете на Вардар. Има освоено низа на титули со младите категории на тимот, а има и официјални настапи за првиот тим на ,,црвено – црните”.

Ричков изминатава полусезона ја мина во екипата на Саса Каменица и остави солиден впечаток.

Официјалниот потпис на договорот со овој играч, треба да биде во текот на следните денови. Инаку, Вардар сеуште не замина во Анталија, бидејќи условите за летање не го дозволуваат тоа. Најверојатно утре тимот ќе замине на подготовки во Турција.