Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар го ”растури” Еуромилк (4-0)
Вардар го ”растури” Еуромилк (4-0)

Вардар го ”растури” Еуромилк (4-0)

Денеска ФК Вардар го одигра и вториот свој предвиден пријателски натпревар пред почетокот на новата сезона. Момците на ФК Вардар славеа на убедлив начин со резултат 4-0 против тимот на Еуромилк. Овој натпревар се одигра на нашиот комплекс во Хиподром под рефлектори.

Стрелци на головите за нашиот тим беа: Фелипе погоди на два пати, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа и Асани и Петковски. Ова беше одлична последна проверка за нашите момци пред почетокот на новата сезона која почнува овој викенд (7 август). Како што е добро познато. во првото коло играме против слога во недела од 20 часот во Струмица.