Утре во просториите на ФФМ, ќе биде извлечена ждрепката за 1/4 финалните натпревари во Купот на Македонија. Од 13:00 часот, Вардар ќе го дознае својот противник во овааа елиминациска рунда од националниот Куп.
Вардар е единствениот второлигаш, кој успеа да се пласира во осумте најдобри екипи во Купот, каде се уште и екипите на Шкендија, Шкупи, Македонија Ѓ.П. Брегалница, Струга ТЛ, Силекс и Академија Пандев.
Натпреварите од 1/4 финалето ќе се одиграат на 9.ноември.