Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар во петок го дознава својот противник во Купот на Македонија
Вардар во петок го дознава својот противник во Купот на Македонија

Вардар во петок го дознава својот противник во Купот на Македонија

Попладнево со дуелот Големо Коњари – Шкендија ќе биде комплетирана 1/16 финалната рунда, односно ќе бидат познати сите патници во 1/8 финалето од Купот на Македонија. Нашиот ФК Вардар, во 1/16 финалето на лесен и убедлив начин го елиминираше тимот на Скендербеу од Порој со резултат 9-0.

Во петок нашите играчи ќе го добијат својот нов противник, овој пат од 1/8 финалето. Како што е добро познато, од 1/8 финалето ќе започнат и дуелите дома – гости. Вардарци во оваа рунда можат да добијат за противник второлигаш или тим од елитата.