Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > И овој пат останавме со празни раце..
И овој пат останавме со празни раце..

И овој пат останавме со празни раце..

Бате Борисов, Стеауа, Апоел и Динамо Загреб. Четврти пат, ФК Вардар остана со празни раце и не го мина второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Кога ќе се навратиме наназад, на три од овие четири пресметки со овие тимови, Вардар беше толку блиску до пласман понатаму, но сепак и многу далеку.

Многумина си помислија дека конечно Вардар го стекна она искуство кое треба да го има една екипа за да мине неколку рунди во квалификациите. Бевме по ”зрели” од натпреварите со Бате Борисов и Апоел, но и овој пат сами си ”пресудивме” со три грешки на наши играчи и подарени голови за Динамо, еден во Скопје (оној автоголoт) и вчера оние два поклони, кога им подаривме на домакините два пенали. Одигравме добро и во Загреб, имавме 1-2 на 20 минути до крајот, се надевавме на уште еден гол и големо славје… но, и овој пат останавме со празни раце.

dinamo-vardar-fkvardar-velkovski-vardarfansСепак, треба да бидеме горди на овие момци кои го оставија срцето на терен на овие два меча. Радува играта на Спировски, радува вчерашната игра на Дарко Велковски. Сега сите погледи ќе бидат вперени во Супер купот и одбрана на титулата.