Утре на програмата е вонредното 19.коло во ВМФЛ. Вардар ќе гостува во Велес, кај екипата на Борец.
Натпреварот ќе се одигра на градскиот стадион во Велес со почеток од 14:00 часот. Судиската тројка доѓа од Струмица, Сашко Ристов е главен делител на правдата, додека негови помошници ќе бидат Стојан Костадинов и Михаил Џорлев.
Вардар е голем фаворит во пресрет на овој натпревар, со оглед дека Борец после 18 одиграни натпревари има само еден освоен бод.