Tuesday ,03 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар и Албион ги поделија бодовите во генер. “2004“, двете екипи на Вардар завршија како првопласирани во регуларниот дел на детската лига
Вардар и Албион ги поделија бодовите во генер. “2004“, двете екипи на Вардар завршија како првопласирани во регуларниот дел на детската лига

Вардар и Албион ги поделија бодовите во генер. “2004“, двете екипи на Вардар завршија како првопласирани во регуларниот дел на детската лига

Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија се одигра последното коло од регуларниот дел на детската лига. Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2004“ година го заврши овој дел од сезоната на првото место, со двете свои екипи. Денес меч одигра Вардар (1) против екипата на Албион, со кој одиграа нерешено 1:1. Двата погодоци беа постигнати со удар од белата точка.

Избраниците на Филип Арсовски беа подобра екипа на теренот, протипуштивме голем број на шанси за предвреме да го решиме овој меч. На крајот моравме да се задоволиме со поделба на бодовите. При нафрлена топка од корнер на Марио Ричков, Георг Стојановски ја погодува стативата од противничкиот гол. Голема шанса имаше и Горазд Попов, кој излезе сам со голманот на Албион, но неговиот удар заврши високо над голот. Среќата дефинитивно не беше на наша страна, нова голема прилика за Огнен Здравковски, неговиот удар завршува во пречката од противничкиот гол. До крајот на првиот дел, се обидовме и од слободен удар преку Ричков, топката ја зафати пречката и резултатот остана оној почетниот 0:0 по првото полувреме.

Вториот дел повторно со шанса го отвори Георг Стојановски. Голманот Тасев упати една топка во противничкиот простор, таа топка дојде до Стојановски, кој го префрли голманот, но топката заврши покрај гол. Во шанса се најде и Сандро Каровски кој шутираше покрај голот на Албион. Први посериозни прилики и за Албион, кои во една акција имаа можност на два пати да го загрозат нашиот гол, но безуспешно. Во последните пет минути паднаа и единствените погодоци на овој меч и тоа од пенал. Најпрво Вардарци го отворија резултатот и поведоа со погодокот на Стојановски за 1:0. Три минути подоцна на ист начин погоди и Албион за израмнување на 1:1, што беше и конечен на овој меч.

Со овој натпреавр се комплетираше регуларниот дел од сезоната во детската лига. Двете екипи на Вардар завршија како првопласирани на табелата. Од следниот викенд ќе започне и плејоф натпреварувањето.