Вардар и Работнички ги поделија бодовите, на натпревар во рамките на првото коло од регионалната-скопска лига, кај генерацијата родени “2003“ година. Натпреварот заврши со нерешен резултат од 1:1.
ФК Вардар: Стојковски, Трпезановски, Марковски, Ѓорѓоски, Мешковски, Давидовски(c), Јовановски, Стојановски, Прелоговски, Андрески, Петрушевски.
На првиот гол не се чекаше многу време, откако Вардар успева да поведе уште во првата минута и прват своја аккција, кога од десната страна нафрли Андрески, а на вистинското место се најде Марио Петрушевски кој со глава го совлада голманот на Работнички за водство од 1:0. Освен погодокот Вардар речиси и да не направи ништо друго посериозно кон противничкиот гол. Напротив екипата на Работнички ја имаше контролата на играта и иницијативата на теренот. Избраниците на Петрески делуваа многу дефанзивно и длабоко повлечени на својата половина. Имаа неколку обиди Работнички кои завршија покрај нашиот гол. Најголемата шанса гостинот ја имаше кога ја погоди пречката од нашиот гол. Во првото полувреме направивме една измена. На местото на Влатко Стојановски, во игра влезе Дарко Младеновиќ. Црвен картон во првиот дел за еден од играчите на Работнички, поради два жолти картони еден од противничките играчи мораше предвреме да ја напушти играта. По првото полувреме резултатот е 1:0.
Во второто полувреме направивме веднаш измена. Во игра влезе Антонио Мирков, а излезе стрелецот на голот, Петрушевски. Прв обид во вториот дел имаше Андрески Лео директно од слободен удар, но само во рацете на добро поставениот чувар на мрежата на гостинот. Подобра игра во вториот дел на нашите надежи и повторно Андрески упати удар, кој со крајни напори го брани противничкиот голман. Опсада на голот на гостинската екипа, Младеновиќ имаше одличен удар, но повторно брани голманот на Работнички. Трета измена кај Вардар, на местото на Мешковски во игра е Сељанац.
Сепак гостинската екипа успева да го израмни резултатот, откако еден од играчите на Работнички излезе сам со голманот Стојковски, кој го совлада за израмнување на 1:1. Голема шанса имаше Вардар да го врати водството, но Прелоговски не успева да постигне гол. Нова одлична шанса за црвено-црните, продре Мирков од десната страна нафрли во противничкиот шеснаесетник, но прекраток во ударот беше Прелоговски. Голема шанса во последната минута од натпреварот имаше Антонио Мирков кој од неколку метри не успева да го совлада голманот на Работнички. На крајот конечниот резултат гласеше 1:1.
Вардар важеше за голем фаворит на овој натпревар, со оглед дека минатата сезона лесно ги добивме дуелите со овој противник. Не помогна ниту тоа што игравме повеќе од 50 минути со играч повеќе на теренот. Се надеваме на подобри екипи од оваа генерација на Вардар, која е актуелен освојувач на оваа лига и купот на Македонија.