ФК Вардар може да се пофали дека има најефикасна одбрана во нашата прва лига. Нашата одбрана досега има постигнато повеќе голови, отколку што имаат постигнато некој напаѓачи во ПМФЛ. Досега нашите одбрамбени играчи имаат постигнато дури 11 погодоци.
Најефикасен од нашите дефанзивци е бекот Хофханес Хамбарџумјан. Хоф досега има постигнато 6 голови на 17 одиграни средби. Одма зад него е дефанзивецот и капитен на ФК Вардар Бобан Грнчаров. Грне досега има постигнато 3 погодоци на 17 одиграни средби. Оваа група ја дополнуваат и Попов и Мијушковиќ. Горан Попов досега има постигнато еден погодок на вкупно одиграни 17 средби, додека пак црногорскиот дефанзивец Немања Мијушковиќ исто така има постигнато еден погодок, на 20 натпревари досега во црвено – црниот дрес. Очекуваме оваа успешна реализација на голови од одбрамбените играчи на Вардар да продолжи и на наредните натпревари, во походот кон нова титула во ПМФЛ.