Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Големо разочарување, Вардар елиминиран во првото коло, Пјуник со лекција за нашиот тим
Големо разочарување, Вардар елиминиран во првото коло, Пјуник со лекција за нашиот тим

Големо разочарување, Вардар елиминиран во првото коло, Пјуник со лекција за нашиот тим

Крајно разочарувачки, Вардар е елиминиран уште во првото коло од Лигата на Европа. Вечерва црвено – црните одиграа уште една партија под своите очекувања. Крајно беше разочарана и публиката, која по голот речиси и да го напушти стадионот.

По првиот дел немаше голови, Вардар одигра уште едно полувреме под своите очекувања. Први во добра прилика на натпреварот се најдоа гостите, во 11. минута Арекјан продре по страна, биеше но само во добро поставениот Гачевски кој одби во корнер. Вардар во првиот дел имаше само две до три шанси, воглавно без опасни, а во 20. минута им беше и поништен погодок поради офсајд на Максимов. Двете шанси во првиот дел беа преку Бериша кој биеше очајно со глава по корнер, и на Мицевски кој исто така биеше крајно непрецизно од 20-сетина метри со десната нога. Противникот имаше уште една супер шанса преку Корјан во првиот дел, кој биеше очајнички од 10-сетина метри и пропадна и оваа добра шанса за нив.

18706-vardar-porazen-od-pjunik-i-na-revanshot-vo-skopje

На стартот од вториот дел кај нашиот тим во игра влезе Лира на местото на Бериша, а кај гостите излезе голманот Кобозев а влезе Драгојевиќ. Во 49. минута Барсегјан имаше голема шанса, излезе сам преку противничкиот голман, но одкосо биеше во Драгојевиќ кој одбрани. Во 53. минута Барсегјан одново имаше голема шанса, исто така лево одкосо биеше силно, но и овој удар му го одбрани нововлезениот голман на гостите. Во 59. минута Новак спаси чист гол, еден противнички играч шутираше прецизно во голот на Гачевски но за среќа Новак во последен момент изби. Во 71. минута кај Вардар во игра влезе и Исени на местото на Попзлатанов. Идеја немаше ниту во вториот дел, се до 80. минута Вардар се мачеше да организира подобра акција и да го загрози голот на противникот. Во 86. минута Балде со прекрасен гол од 20-сетина метри го доведе Пјуник во водство и пласман во 2 коло. Во 89. минута со уште еден гол на Балде, Пјуник дојде и до 0:2.  Со резултат 0:2 заврши дуелот.