Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Маџари ќе ,,крца” , бидејќи Вардар е клуб на македонскиот народ!
Маџари ќе ,,крца” , бидејќи Вардар е клуб на македонскиот народ!

Маџари ќе ,,крца” , бидејќи Вардар е клуб на македонскиот народ!

По пауза од цели две години, Вардар се враќа на големата сцена, се враќа онаму каде што припаѓа и треба да биде – во Првата фудбалска лига на Македонија. Подобар почеток пред своите гледачи ,,црвено – црните” и не можеа да посакаат, бидејќи попладнево во скопско Маџари гостува лутиот градски ривал од Чаир.

Мотивацијата на играчите несомнено ќе биде голема, кои ќе сакаат да се претстават во најдобро можно светло, а како и да не бидат мотивирани после онаква поддршка кои им ја даваат вардаровите навивачи. Несомнено и денес стадионот во Маџари ќе биде преполн, а ќе се бара и билет повеќе, а сигурно и место повеќе покрај некое ѓоше за да се проследи дерби натпреварот.

Вардар е клуб на македонскиот народ, на секој оној кој се чувствува Вардарец, па токму и затоа денес оваа скопска населба ќе биде преплавена од вардарови дресови и ,,црвено – црни” знамиња.

Како што е добро познато, ќе се влегува со членски карти, кои ќе можат да се набават и пред самиот натпревар, а чинат симболични 1000 денари за целата сезона. Регуларниот билет ќе чини 200 денари.

Дојдете да навиваме фер и спортски, а потоа да се радуваме сите заедно на големи три бода!