Лукман Харуна би можел да стане нов играч на ФК Вардар. Нигериецот има настапувано за големи фудбалски тимови и на едно Светско првенство и тоа против големата Аргентина и Меси, но има и проблеми со коленото кое го мачи.
Причината што Харуна не играл некое време е повреда. Во 2016 година Харуна беше блиску до потпис со Црвена Sвезда, но, до тој потпис не дојде затоа што на медицинските тестови се утврдило дека Харуна има проблеми со коленото.
Поради оваа повреда која го мачи Харуна, цената на играчот е во постојан пад. Во моментов Харуна се проценува дека вреди 700.000 евра на трансфер пазарот. Во 2011 година Динамо Киев за услугите на Харуна платила 1,5 милиони евра на тимот на Монако.
Дека се работи за квалитетен играч нема сомнение, но загрижуваат повредите кој го пратат овој играч во последните неколку сезони. Останува да сочекаме најпрвин да дојде Харуна во базата на Вардар, а потоа и да го видиме на дело на дуелите со чешките тимови на Словачко и Дукла.