Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Струмица ќе “гори“, Вардар остана непоразен во Малме и има голема можност да се пласира во следната рунда
Струмица ќе “гори“, Вардар остана непоразен во Малме и има голема можност да се пласира во следната рунда

Струмица ќе “гори“, Вардар остана непоразен во Малме и има голема можност да се пласира во следната рунда

Вардар успеа со поволен резултат да замине од гостувањето во Шведска, во рамките на второто квалификациско коло од лигата на шампионите. Вардарци одиграа со нерешен резултат 1:1, против екипата на Малме, со добри шанси на реваншот во Струмица да излезат како победник во овој двомеч и да се пласираат во следната рунда.

Тренерот Седлоски стартуваше со следниве 11-сетмина:: Гачевски, Хамбарџумјан, Грнчаров, Новак, Демири, Николов, Спировски, Барсегјан, Фелипе, Балотели, Исени.

Во почетните минути екипата на Малме имаше почетна иницијатива и фуриозен налет кон нашиот гол, но Вардар го издржа почетниот притисок и до крајот на првото полувреме беше рамноправен противник. Првиот удар кој заврши далеку од нашиот гол го имаше Кристијансен во 5 минута од мечот. Првиот конкретен обид, Вардарци го имаа во 9 минута кога следеше одлична акација, нафрли од левата страна Демири, за прекраток во завршниот удар да биде Балотели. Домашниот тим ја имаше иницијативата на теренот и во 10 минута се обиде Ракип, кој шутира за малку покрај нашиот гол. Избраниците на Седлоски ја разбија почетната трема и полека почнаа да ја играат својата игра. Во 18 минута, имавме голема шанса, која остана неискористена. Претходеше акција која започна од Фелипе, кој додаде до Николов, а овој упати употреблива топка до Балотели, кој имаше доволно простор, но неговиот удар оди само покрај голот на противникот. Домаќинот можеше набрзина да ја казни пропуштената шанса, кога во 19 минута од непосредна близина не успеа да погоди Бергет, кој биеше слабо во рацете на добро поставениот Гачевски. Во следните десеттина минути се играше по средината на теренот, а следната посериозна акција се случи во 32 минута, кога од околу 20-тина метри биеше Ракип, за ударот со крајни напори да го скроти Гачевски. Имаме за што да жалиме по првото полувреме, можевме да имаме водство, кога Балотели од добра позиција не успева да го погоди голот на Малме и да донесе радост за црвено-црните. До крајот на првото полурвеме, резултатот остана непроменет, а за одбележување се ударите на Бергет и Јотун, кои завршија покрај нашиот гол. Првото полувреме заврши со почетниот резултат од 0:0.

Првата шанса во второто полувреме ја имаше Малме, кога со глава биеше Бергет над голот на Гачевски. На големо изненадување на домашната публика, а на наша голема радост, Вардар успеа да го отвори резултатот и да поведе со 0:1. Стрелец на голот беше Бобан Николов, кој се најде на вистинското место и ја погоди мрежата на Малме. По негативата, тренерот на домаќинот направи две измени. Во 70 минута се обиде Кристиансен, но само над нашиот гол, по што резултатот остана непроменет. Сепак во 75 минута, противникот успева да го израмни резултатот со голот на Брорсон, кој со глава после уфрлена топка од слободен удар, успева да ја погоди нашата мрежа. Седлоски ја прави втората измена, внесувајќи го Којашевиќ, на местото на Спировски. Претходно во игра влезе Блажевски, место Барсегјан. Во продолжение од мечот, жолти картони добија Фелипе и Николов. Вардар имаше среќа, бидејќи во 94 минута, Малме ја погоди пречката од нашиот гол. Натпреварот заврши со резултат 1:1.

Вардар има големи шанси на реваншот во Струмица, да излезе како севкупен победник и да се пласира во следната рунда.