Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Против Пелистер утре во Маџари

Против Пелистер утре во Маџари

Утре на програмата е ново коло од првата македонска фудбалска лига. Шампионот на Македонија, ”црвено – црниот” тим на Вардар на домашен терен ќе го пречека лутиот ривал, тимот на битолски Пелистер. Овој натпревар поради јасните причини, и дефинитивно ќе биде одигра на Стадионот ”Борис Трајковски” во скопската населба Маџари, со почеток во 15 часот.

Нашите момци по бледата игра во Тетово, веќе немаат право на лоша игра и одземање на планирани бодови. Ова ќе биде прва пресметка помеѓу овие две екипи оваа сезона. Нашиот тим веќе одигра еден натпревар на стадионот на Пелистер, но против ФК Победа, на кој издвојувавме победа. Се надеваме дека Вардар утре ќе го покаже вистинското лице и ќе слави очекувана победа.

Дојдете на стадион да ги бодриме нашите играчи на оваа дерби пресметка. Билетите се по цена од 100 денари.