Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Три феноменални погодоци, за победа на Фк Вардар
Три феноменални погодоци, за победа на Фк Вардар

Три феноменални погодоци, за победа на Фк Вардар

Вардар започна одлично. Прва победа во Анталија. Денеска совладан беше тимот на Волфсбергер со 3:2. За Вардар на овој натпревар настапија: Пачовски, Хамбарџумјан, Попов, Новак, Грнчаров, Спировски, Николов, Фелипе, Којашевиќ, Петковски, Ивановски. на клупата за резерви останаа: Филип Трајчевски, Немања Мијушковиќ, Златко Таневски, Благоја Љамчевски, Влатко Грозданоски, Никола Глигоров, Христијан Денковски, Дејан Блажевски, Ацо Стојков, Драган Ќеран и Фредерик Нимани.

Вардар првата посериозна шанса за гол ја имаше преку Филип Ивановски, Горан Попов нафрли од левата страна го пронајде Ивановски, кој со глава биеше за малку над голот. Вардар шанси за гол имаше и преку Спировски уште на почетокот на мечот, кога за малку топката помина покрај голот. Вистински евро гол постигна Горан Попов во 33 минута од натпреварот. Попов изведа слободен удар од над 30-тина метри, силниот удар заврши во мрежата на гостинскиот голман. Но за неколку минути австријците го израмнија резултатот, кога по еден центаршут највисок во воздушниот дуел беше еден противнички играч и постигна гол за 1:1. Во првото полувреме Пачовски имаше две супер одбрани, посебно втората кога противнички играч се најде сам пред него, но нашиот голман успеа да го одбрани тој удар, и да остане 1:1.

Во вториот дел Фк Вардар го промени речиси целиот тим. Во второто полувреме, Вардарци заиграа поубав фудбал од првиот дел. На средината на теренот Глигоров и Денковски делуваа одлично, а напаѓачите Ќеран и Нимани ја чекаа својата шанса да постигнат деби гол во ФК Вардар. Тоа и се случи, Драган Ќеран постигна еден феноменален погодок за 2:1. Пред оваа акција Ќеран имаше уште една шанса за гол, но голманот го одбрани тој удар. Потоа Вардарци продолжија да напаѓаат, австријците не одиграа ништо посебно. Дојде и 3 погодок. уште еден феноменален гол, овој пат Нимани постигна фантастичен погодок, со лоб удар го матираше противничкиот голман за 3:1. Во 87 минута од натпреварот преку пенал австријците намалија на 3:2. Со овој резултат и заврши натпреварот.Честитки за победата!