Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар се враќа од Кратово со три гола и три бода
Вардар се враќа од Кратово со три гола и три бода

Вардар се враќа од Кратово со три гола и три бода

Вардар на лесен и убедлив начин дојде до трите бода од Кратово. Попладнево нашите момци беа доминантни, и заслужено дојдоа до победа од 3:1. Стрелци на головите за нашиот тим беа: Спировски, Фелипе и Којашевиќ.

СИЛЕКС: 27. Вујанац, 2. Филиповски, 3. Иванов, 4. Гуцев, 6. Мавров, 8. Ацевски, 10. Танушев, 14. Глигоров, 22. Тимовски, 29. Мицков, 99. Недељковиќ.

ВАРДАР: 90. Гачевски, 32. Глишиќ, 6. Грнчаров, 21. Новак, 77. Брдаровски, 20. Николов, 8. Спировски, 22. Стојчевски, 10. Којашевиќ, 70. Фелипе, 89. Боарето. РЕЗЕРВИ: 1. Алексовски, 4. Мијушковиќ, 9. Блажевски, 11. Асани, 14. Велковски, 16. Глигоров, 87. Грозданоски.

На денешниот дуел во стартниот тим на нашиот тим се најде младиот играч Стојчевски, додека пак Дејан Блажевски по подолга пауза се најде на клупата за резервни играчи. Во 7 минута Вардар го имаше првиот посериозен напад кон голот на Силекс. Николов дојде до одлична позиција да го загрози голот на Силекс, но Мицков го блокираше ударот на Николов. Гоооол за Вардар во 8 минута. Одличен погодок на Стефан Спировски од слободен удар од 30 метри. Потоа следуваше мирна игра со блага иницијатива на нашиот тим. Во 28 минута од натпреварот Грнчаров биеше со глава, но Вујанац лесно ја одбрани оваа топка. Во 34 минута беше доделен и првиот жолт картон денеска. Го доби Недељковиќ во 34 минута од натпреварот. Потоа во 39 минута се обиде и Фелипе со удар, но крај голот на Силекс. Гоооол за Вардар во 42 минута. Фелипе погоди од пенал, по направен прекршок над Којашевиќ. Вардар води со 2:0. Крај на првиот дел.fkvardar-vardarfans

 Во 46 минута во Вардар беа извршени две замени. Излегоа од игра Боарето и Стојчевски, а на ниво место влегоа во игра Јасир Асани и Никола Глигоров. Исто така и во Силекс во игра влезе Каланоски на местото на Недељковиќ. Асани во 48 минута доби жолт картон во редовите на Вардар. Во 52 минута Тимовски се обиде, но неговиот удар отиде над голот на Гачевски. Во 54 минута уште една добра можност имаше Силекс. Каланоски биеше, но неговиот удар го одбрани Гачевски. Потоа се до 70 минута ништо позначајно не се случуваше на теренот. Во 71 минута Мицков доби жолт картон во редовите на Силекс. Гооол за Вардар во 71 минута. По краток допир на Николов и Фелипе, Којашевиќ бие прецизно за веќе високи 3:0 за нашиот тим.  Во 75 минута Дејан Блажевски доби шанса на местото на Дамир Којашевиќ. Шиле се врати по шест месецна пауза. Гол за Силекс во 77 минута. Ацевски го намали резултатот на 3:1. Крај на натпреварот.