Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Обрегон прв заминува?
Обрегон прв заминува?

Обрегон прв заминува?

ФК Вардар повторно не погоди. По само шест месеци престој во Вардар, колумбиецот е многу блиску до раскин на договорот. Обрегон иако во Вардар дојде уште на летните подготовки, сепак, уште таму покажа дека нема некој посебен квалитет да го носи епитетот прв напаѓач и стрелец на тимот. Овој играч речиси и да не настапи во Вардар. Во купот на Македонија одигра некој натпревар, постигна и по некој погодок, но, тоа не беше мерило против така слаби противници.

Списокот во Вардар е “голем”. Покрај Обрегон, од клубот би требало да заминат уште пет до шест играчи, а можеби и повеќе. Од друга страна пак, изгледа дека прв кој ќе го засили нашиот тим во зимскиот преоден рок ќе биде некогашниот играч на Вардар, Горан Силјановски. Вардарци се на одмор 20-сетина дена, за тоа време стручниот штаб треба да подготвки “чистка” и план за нови играчи.