Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Партизан, Молде, Осијек – Вардар седми носител во Л.Е
Партизан, Молде, Осијек – Вардар седми носител во Л.Е

Партизан, Молде, Осијек – Вардар седми носител во Л.Е

Полека но сигурно се пополнуваат празните места со тимовите кои ќе настапат во квалификациите за Лигата на Европа ова лето. По неколку години пауза тимот на Вардар наместо во ЛШ ќе настапи во квалификациите за Лигата на Европа.

Вардар засега котира високо на листата на носители, до овој момент нашиот тим е седми носител во групата на носители. Највисокото на оваа листа во првото коло ќе котира тимот на Партизан кој има коефициент од 17.000, потоа следуваат тимовите на Молде, ФХ, Дундалк, Жалгирис, Осијек и нашиот Вардар. Сите овие противници Вардар ќе ги избегне во првото и второто квалификациско коло.

32257666_1830039750386608_8114609736717959168_n
За противници во првото квалификациско пак, Вардар може да добие екипи од рангот на Рига, Транс Нарва, Балзан, Гленавон, екипи од Финска, Ерменија, Луксембург, Црна Гора и тн. Се на се, ова се екипи кои Вардар треба да ги помине во првото и второто квалификациско коло, а потоа веројатно ќе биде неносител во следното, трето коло.
32169945_1830039697053280_7274460390694584320_n
Противникот Вардар ќе го добие на 19 јуни, првото коло ќе биде одиграно во период од 12-19 јули.