Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Трет последователен натпревар на ФК Вардар ќе биде емитуван на МТВ и Арена Спорт
Трет последователен натпревар на ФК Вардар ќе биде емитуван на МТВ и Арена Спорт

Трет последователен натпревар на ФК Вардар ќе биде емитуван на МТВ и Арена Спорт

Во недела (22.август) во рамките на 3.коло од првата македонска фудбалска лига. На градскиот стадион, црвено-црните се домаќини на екипата на Силекс.

Во минатото коло, Вардар стигна до првиот триумф сезонава, откако славеше на гостувањето кај екипата на Академија Пандев (0:1), додека Силекс на домашен терен одигра само 2:2 против екипата на Пелистер. Силекс имаше неславен настап во рамките на квалификациите од Лигата на Шампионите, каде убедливо беше поразен на гостувањето кај екипата на Карабах (4:0)

Дуелот на Вардар и Силекс, во недела е закажан во терминот од 17:00 часот, од истиот ќе можете да погледнете директен пренос на МТВ и Арена Спорт.