Првиот тим на Вардар, кој треба оваа година да ја одбрани титулата, се намачи со второлигашот Скопје. На крајот нашиот тим победи со 1:0 со гол на Ф. Ивановски во првото полувреме.
Вардар имаше доста многу добри шанси, но како и обично, големиот проблем во играта на вардарци беше реализацијата.
Асани погоди дирек, потоа повторно Асани неуспеа да даде гол, шанса имаше Блажевски, Попов од далечина и други прилики, кој не беа искористени.
ВАРДАР: Пачовски, Хамбарџумјан, Грнчаров, Мијушковиќ, Попов, Глигоров, Дашјан (76’ Велковски), Асани (54’ Миранјан), Фелипе, Блажевски, Ивановски (71’ Стојков).
Ова беа последни подготвителни натпревари, пред почетокот на сезоната во недела 09.08 против слога.
Фото: fkvardar.mk