Претстојниов викенд продолжуваат натпреварите во младинската фудбалска Супер Лига, на програмата се натпреварите од 21.коло. Вардар за противник ќе ја има екипата на Шкупи, сите четири натпревари се закажани да се одиграат во сабота.
Пионерските екипи на Вардар се домаќини на Шкупи, натпревари кои се закажани да започнат од 10:00 и 12:00 часот на спортскиот комплекс во населбата Хиподром, додека во истите саатници своите натпревари во сабота ќе ги одиграат кадетите и младинците кои ќе гостуваат на истиов противник, на теренот во населбата Бутел.