Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар со млади сили против Силекс
Вардар со млади сили против Силекс

Вардар со млади сили против Силекс

Денеска на Градскиот стадион во Скопје со почеток во 14.00 часот, шампионот на Македонија ќе го пречека тимот на Силекс од Кратово.

Овој попладневен натпревар ќе биде сосема поинаков од сите останати дуели оваа сезона на Вардар во ПМФЛ. Ќе биде поинаков затоа што тренерот Чедомир Јаневски ќе изведе состав кој што ќе биде составен од млади играч кои воглавно имаат по 18. години. Причината за која нема да игра првиот тим денеска е позната, останува да видиме како ќе се покажат младите Вардарци на овој дуел против тимот на Силекс кој во оваа сезона игра добро во ПМФЛ. Во составот ќе бидат Бериша, Антовски, Колевски и тн.

Ова може да биде стартниот состав на ФК Вардар на денешниот меч: Тимевски, Антовски, Серафимов, Наумчески, Џуклески, Димовски, Реџепи, Абдулхади, Дишлиевски, Бериша, Колевски. Можно е стартер да биде и Цветаноски.

За сите оние кои нема да бидат на стадион, пренос ќе можат да проследат на ТВ 24.