Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Прва победа во Анталија, Вардар славеше над Берое со 1:0
Прва победа во Анталија, Вардар славеше над Берое со 1:0

Прва победа во Анталија, Вардар славеше над Берое со 1:0

Вардар ја забележа првата победа на подготовките во Анталија, црвено – црните попладнево беа подобар тим и заслужено славеа победа над тимот на Берое со резултат 1:0 (0:0). Стрелец на голот за Вардар на овој дуел беше младиот Бериша во 60. минута.

Вардар и Берое по првите 45. минути одиграа без голови 0:0. Првиот дел мина со две добри шанси на двете страни и со неколку непрецизни удари на фудбалерите на Вардар, во првиот дел противникот имаше само една шанса кон голот на Гачевски. Во 8. минута лесно можеше Берое да дојде до предност, по една грешка на Глишиќ играч на Берое убаво по пројде Гачевски но одкосо биеше во надворешниот дел од мрежата. Во 15. минута Вардар ја имаше првата добра шанса и акција за гол, Стојков убаво му спушти една топка на Марковиќ кој биеше малку одкосо само во голманот на Берое. Од 30. минута па до крајот на првиот дел Вардар се ослободи и почна да игра подобар фудбал, во шанси влегоа Блажевски на два пати, потоа Марковиќ и Охеда, но сите овие удари завршија надвор од рамката на голот на Берое.

26734475_1586694718092203_3697221288162857205_n

На стартот од вториот дел беа направени неколку замени во тимот на Вардар, од игра излегоа Охеда, Попзлатанов, Тошевски и Стојков а влегоа Бериша, Исени, Колевски и Брдаровски. Во вториот дел Вардар играше подобро од противникот па така по една добра акција во 60. минута Вардар дојде до водство од 1:0, Брдаровски одлично нафрли една топка до Бериша која со прецизен удар ја смести во голот на противникот за водство. По овој гол следуваа нови замени во Вардар, во игра влегоа и Тодоровски, Алексовски и Стојчевски на местата на Марковиќ, Глишиќ и Гачевски. Во продолжението од мечот Вардар добро го чуваше резултатот, додека пак тимот на Берое неможеше никако да дојде до шанса за гол. Вардар во 82. минута изведе една добра акција од полуконтра но изостана шут кон голот на противникот. До крајот Вардар успеа да ја сочува предноста и да запише прва победа во Анталија.