Шампионот на Македонија утре ќе го одигра последниот тест натпревар на подготовките во Австрија. Нашиот “црвено – црн” тим утре ќе ги одмери силите со новиот Руски прволигаш, тимот на Тосно.
На официјалната веб – страна на ФК Тосно, излезе информацијата дека овој меч ќе биде одигран утре со почеток во 18 часот по македонско време во Словенија.
Досега Вардар одигра три натпревари на подготовките, забележа една победа и два порази.