Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Дали на Вардар ќе му се приклучи некој на подготовките во Анталија!?
Дали на Вардар ќе му се приклучи некој на подготовките во Анталија!?

Дали на Вардар ќе му се приклучи некој на подготовките во Анталија!?

ФК Вардар веќе е во Анталија. Досега официјално беа преставени само двајца нови играчи, а соработката беше прекинат со тројца играчи, плус раскин на договор добија и тројца играчи кои беа на позајмици во другите прволигаши. Минатото зимо на ФК Вардар во Анталија му се приклучија двајца интернационалци. Стануваше збор за камерунскиот играч Седрик Чумбе и Денис Талалај од Русија.

Чумбе одигра еден натпревар на подготовките во Анталија, и за малку не се запиша во листата на стрелците на тој меч, но тогашниот тренер Андреев по само еден меч го испрати Чумбе да си бара нова средина. Истото се случи и со Денис Талалај. Младиот русин дојде во Анталија како можно добро засилување, но по неколку тренинга и тој си замина од редовите на Вардар во Анталија. Дали и овој престој во Анталија вардарци ќе го искористат да проверат некој интернационалец останува да видиме.