Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар мора да игра во Македонија, во Јагодина ќе има мал број на навивачи!
Вардар мора да игра во Македонија, во Јагодина ќе има мал број на навивачи!

Вардар мора да игра во Македонија, во Јагодина ќе има мал број на навивачи!

Вчера се појавија нови информации околу тоа каде ФК Вардар ќе го пречека тимот на Малме како домаќин. Јасно е дека Градски нема да биде опција. Сега се појавија информации од тимот на Малме, кој велат дека наводно Вардар би можел да игра на стадионот во Јагодина – Србија? Од управата на Вардар нема никаква реакција досега околу ова.

Ваквата информација секако дека не им се допадна на “црвено – црните” навивачи. Во Струмица на стадионот Младост секако дека Вардар ќе има поддршка од околу шест илјади гледачи, а во Јагодина со сигурност таа бројка би била многу помала.

Доколку сака Вардар да има голема поддршка од трибините, мора својот домашен натпревар да го игра во Македонија.