Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Локомотив Пловдив предпоследен „тест“ за Вардар
Локомотив Пловдив предпоследен „тест“ за Вардар

Локомотив Пловдив предпоследен „тест“ за Вардар

ФК Вардар утре ќе го одигра предпоследниот пријателски натпревар на зимските подготовки во Анталија – Турција. По победата над Анжи, утре вардарци ќе се обидат да стигнат до уште една победа, сега противник ќе ни биде тимот на Локомотив Пловдив од Бугарија.

Овој бугарски тим моментално се наоѓа на 5 место на табелата во својата лига во конкуренција на 14 екипи. Во составот на Локомотив Пловдив во моментов настапуваат и двајца играчи од Македонија. Станува збор за искусниот Ванчо Трајанов, кој оваа сезона има одиграно 17 првенствени натпревари за овој тим. Вториот наш играч кој настапува во овој тим е Стефан Јевтоски. Младиот Јевтоски оваа сезона има запишано четири настапи крај своето име. Инаку, прв стрелец на овој тим, а воедно и трет во бугарската прва лига е Камбуров. Овој играч има постигнато 10 погодоци на 18 првенствени натпревари.

За точниот термин на одигрување на овој натпревар чекаме официјална потврда од официјалниот сајт на клубот.