За жал, ФК Вардар во сабота нема да може да игра на својот стадион поради лошиот терен на нашиот најголем стадион и дека во недела се игра прволигашки фудбал.
Дуелот против Воска ќе се игра на теренот во скопската населба Маџари од 15-30 часот. На овој дуел Вардар ќе брка прва победа во новата сезона.
Дали од следното коло Вардар ќе се врати на својот стадион, останува засега дилема.