Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Очекуваме интересен дуел, Вардар – Заглебје од 15.00 часот
Очекуваме интересен дуел, Вардар – Заглебје од 15.00 часот

Очекуваме интересен дуел, Вардар – Заглебје од 15.00 часот

Вардар попладнево ќе го одигра четвртиот пријателски дуел во Анталија, противник ќе ни биде тимот на Заглебје Лубин од Полска.

Заглебје игра одлично сезонава во првата полска лига, овој тим на есенска пауза замина како петто пласиран тим со само шест бодови заостанување зад лидерот на табелата тимот на Легија. Заглебје важи за една доста цврста екипа, за тоа покажува и податокот дека овој тим загубил само пет натпревари во полскиот шампионат на 21. натпревар оваа есен.

Најдобар стрелец на овој тим е Јакуб Зиержок кој има постигнато 16. голови, но овој играч си замина од тимот и потпиша за Лудогорец. Во тимот на Заглебје како што е познато настапува и еден играч од Македонија, станува збор за поранешниот репрезентативец Александар Тодоровски кој оваа сезона има забележано пет настапи.

Очекуваме еден интересен дуел на овие два тима, натпреварот започнува во 15.00 часот.