Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар патува засилен во Битола

Вардар патува засилен во Битола

ФК Вардар патува за Битола каде утре ќе го одигра 1/4 финалниот натпревар од фудбалскиот Куп на Македонија. Добра вест е што утре ,,црвено – црните” ќе бидат засилени со еден искусен играч кој досега немаше право на настап.

Станува збор за играчот од одбраната Никола Ристески кој утре и официјално се здобива со право на настап и ќе биде во комбинација за дуелот, а секако и шанса за настап ќе добие од првата минута. Ристески треба да биде големо засилување за тимот, кој дојде од екипата на Ренова каде ја започна сезоната.

Инаку, кога сме кај утрешниот дуел, да кажеме дека вардарци попладнево ќе патуваат за Битола, каде вечерва ќе останат, пред утрешниот натпревар.