Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар стартува на 9-ти

ФК Вардар стартува на 9-ти

По заслужената пауза, есенските шампиони на Македонија повторно ќе се активираат. Според планот на управата на клубот ФК Вардар во наредните 10-тина дена ќе тренира во Скопје, а потоа следуваат подготовки во топлата Анталија Турција.  Целиот план на ФК Вардар би требало да изгледа вака:

Во сабота Седлоски ќе ја прави првата прозивка, потоа 10 дена ќе се тренира во Скопје, па ќе се замине во Анталија. Таму црвено – црните би требало да останат во наредните 25 дена. За тој период ФК Вардар треба да одигра повеќе од четири пријателски средби. Очекуваме на првиот тренинг во сабота, да видиме и нови лица покрај Којашевиќ.