Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Време е за победа и во Купот на Македонија!

Време е за победа и во Купот на Македонија!

fkv-vardarfansУтре на програмата е нова пресметка помеѓу екипите на Вардар и Шкендија. Овој пат, овие две екипи силите ќе ги одмерат во рамките на 1/2 финалето од националниот Куп на Македонија. Ждребот сакаше првиот натпревар на овие две екипи да се одигра токму во Скопје на нашиот стадион.

Вардарци на овој Куп натпревар ќе влезат со голема самодоверба во себе по големата и убедлива победа во неделата против овој противник. Нашиот тим изминатиов викенд во целост го надигра тимот од Тетово и заслужено славеше победа. Со таа победа, вардарци покажаа и докажаа дека и оваа календарска година се далеку поквалитетен тим од Шкендија.

Навивачите на Вардар веќе подолг временски период сонуваат за Куп титулата, се надеваме дека конечно оваа е вистинската година кога Вардар ќе ги обедини двете титули, во првенството и купот.

Утрешниот натпревар започнува во 14 часот, билетите за овој меч се по цена од 100 (сто) денари. Дојдете и на овој натпревар, да навиваме и да се радуваме на нови успеси на нашиот тим.